Кошаркарите на Куманово загубија од Гостивар со 79-91 (43-40) вечерва на домашен терен, со што го претрпеа седмиот пораз сезонава, во 17-тото првенствено коло.
Кошаркарите на Куманово во последната четвртина имаа неочекуван пад во играта што искусните кошаркари на Гостивар умешно го искористија за да победат и воедно да се реваншираат на противникот за есенскиот пораз во Гостивар.
Најефикасни кошаркари на натпреварот кај домашната екипа беа Горјан Марковски со 19 и Јован Црниќ со 14 поени, додека пак кај Гостивар се истакнаа Ѓорѓе Џелатовиќ со 15 и Ивица Димчевски, Ентони Ли и Малком Армстед со по 14 постигнати коша. Т.Д.