Оле Гунар Солскер е назначен за в.д. менаџер на англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед до крајот на сезонава, откако Жозе Мурињо вчера го напушти „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед ќе дебитира на менаџерската функција в сабота против Кардиф, клубот кој претходно, накратко, го водеше во Премиер-лигата во 2014 година. Солскер беше тренер и на норвешки Молде во периодот од 2011 до 2014 година.
Норвежанецот е познат како стрелец на победничкиот гол за Манчестер јунајтед против Баерн (2-1) во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година, одиграно на „Ноу Камп“ во Барселона.
Манчестер јунајтед ја зазема шестата позиција на првенствената табела со 19 бода помалку од водечкиот Ливерпул.