Раководството на Манчестер Јунајтед негираше дека води разговори со Зинедин Зидан за менаџерската позиција на клубот, објави Телеграф.
Сепак, според изданието, клубот се уште дебатира дали Жозе Мурињо е човекот кој може да го извлече клубот од кризата во која западна.
Во саботата „црвените ѓаволи“ загубија со 1:3 од Вест Хем и веќе заостануваат со 9 поени од лидерите на табелата Манчестер Сити и Ливерпул, откако се наоѓаат во серија од 3 последователни натпревари без победа во сите натпреварувања.
Во прилог на лошите резултати, Манчестер Јунајтед е во центарот на внимението и поради конфликтот помеѓу Мурињо и ѕвездата на тимот – Пол Погба.