Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити потрошил 1,1 милијарди евра за фудбалери во последните четири години, а во исто време има развиено и план за да ги заобиколи барањата за финансиски фер-плеј, соопштува „Фудбал Ликс“.
За тоа бил задолжен извршниот директор на „граѓаните“, Феран Сорјино кој го нарекол разработениот проект „Долгиот лак“. Сето ова се случувало помеѓу 2008-2012 и со лична согласност на вистинскиот сопственик на клубот, Шеикот Мансур.
Шеикот сам обезбедувал значителен дел од сумите кои последователно влегувале во клубот во форма на спонзорски договори. На пример 59,9 милиони од добиените по договор 67,5 милиони фунти од „Етихад Ервејс“ всушност биле обезбедени од сопственикот на Манчестер Сити.