Квалификациите почнуваат во март, победниците на групите и најдобрата второпласирана селекција ќе се пласираат на ЕП 2023, а другите осум второпласирани ќе играат за уште четири места на ЕП

ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА МЛАДИНСКОТО ЕП 2023

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2023 година во Романија и во Грузија ќе игра со селекциите на Франција, Србија, Украина, Фарските Острови и на Ерменија. Така реши ждрепката влечена во просториите на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Квалификациите почнуваат во март годинава, а ќе траат до јуни 2022 година. Победниците на деветте групи, како и најдобрата второпласирана селекција ќе се пласираат на ЕП 2023, а другите осум второпласирани ќе играат за уште четири места на континенталното првенство.


СОСТАВ НА ГРУПИТЕ

Група А: Хрватска, Австрија, Норвешка, Финска, Азербејџан, Естонија
Група Б: Германија, Полска, Израел, Унгарија, Летонија, Сан Марино
Група Ц: Шпанија, Русија, Словачка, С. Ирска, Литванија, Малта
Група Д: Португалија, Грција, Исланд, Белорусија, Кипар, Лихтенштајн
Група Е: Холандија, Швајцарија, Бугарија, Велс, Молдавија, Гибралтар
Група Ф: Италија, Шведска, Р. Ирска, БиХ, Црна Гора, Луксембург
Група Г: Англија, Чешка, Словенија, Албанија, Косово, Андора
Група Х: Франција, Србија, Украина, Македонија, Фарски О., Ерменија
Група И: Данска, Белгија, Турција, Шкотска, Казахстан