Фудбалскиот клуб Барселона планира да му понуди на аргентинскиот ас, Лионел Меси (32) доживотен договор, пренесуваат шпанските медиуми.
Претседателот на каталонскиот клуб, Жозеп Марија Бартомеу рекол дека клубот има намера да му понуди на Меси нов договор со кој Аргентинецот на „Камп Ноу“ ќе остане и по Светското првенство во 2022 година.
Бартомеу се уште не разговарал со неговиот татко и менаџер, Хорхе Меси, но има намера тоа да го стори за договорот да биде потпишеан што побрзо.
Шпанските медиуми пренесоа информација дека Барса сака на Меси да му понуди доживотен договор кој ќе важи и позавршувањето на играчката кариера.
Лео Меси неодамна рече дека нема разговарано со претседателот на клубот по елиминацијата од Ливерпул, но напомена дека е отворен за соработка.
Меси игра за Барселона цели 16 сезони во низа, па стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 604 гола на 692 натпревари.
Со тимот од Каталонија освои 34 трофеи, 10 во Ла Лига, 4 во ЛШ и 6 трофеи во Купот на кралот.