Македонскиот репрезентативец Енис Барди го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски клуб Леванте.
Договорот на играчот за врска со тимот од Валенсија е до 2022 година, со опција да биде продолжен за уште две сезони.
– Многу сум среќен, овде се чувствувам одлично, се чувствувам како да сум дома – рече Барди по потпишувањето.
Македонскиот репрезентативец постигна 10 гола на 38 одиграни мечеви во дресот на Леванте.