Јоаким Лев ќа ја задржи селекторската функција во германската фудбалска репрезентација и покрај разочарувачкиот настап на Светското првенство во Русија.
Ова го изјави Оливер Бироф, генералниот менаџер на репрезентацијата.
– Сите сме разочарани. Чувствуваме огромна фрустрација. Ја имавме судбината во своите раце и покрај лошиот старт на Мундијалот. Јоаким неодамна потпиша нов договор и претпоставувам дека тој ќе ја продолжи својата работа. Гледате дека и другите фаворити се мачат. Сепак, сметам дека премалку прикажавме – истакна Бироф.
Германија по вчерашниот пораз од Јужна Кореја како последна во групата ги заврши настапите на СП во Русија.