Кристијано Роналдо со Јувентус и Лионел Меси со Барселона ќе се соочат во групата Г од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Ова е резултат од ждрепката за престижното натпреварување, влечена попладнево во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион, Швајцарија. Претстојната сезона во ЛШ ќе почне на 20 октомври.
Група А: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва
Група Б: Реал Мадрид, Шахтер Доњецк, Интер, Борусија Менхенгладбах
Група Ц: Порто, Манчестер сити, Олимпијакос, Марсеј
Група Д: Ливерпул , Ајакс, Аталанта, Мидтијланд
Група Е: Севилја, Челси, Краснодар, Рен
Група Ф: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Бриж
Група Г: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош
Група Х: ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лајпциг, Башакшехир