Во се­зо­на­та 2018/2019 има­ше осум еки­пи со про­сек од по над еден ми­ли­о­ни фун­ти ос­тва­ре­ни на до­ма­шен те­рен од еден меч

ФУДБАЛ

Какво влијание може да има врз финансиската страна на клубовите во англиската фудбалска Премиер-лига во целата сезона 2020/2021, ако на стадионите нема навивачи? Со натпревари што веројатно ќе се играат зад затворени врати подолг период поради забраната за масовни собири поради пандемијата на коронавирусот, ќе нема ниту приход од гледачите, пишува „Би-би-си“.
Зголемените зделки за ТВ-права и комерцијални можности значат дека приходот од мечевите со гледачи дома придонесува со помал дел во вкупните приходи на клубовите во модерната ера отколку порано, но, сепак, може да има значително влијание. Предавачот за фудбалски финансии, Киеран Мегваер во повеќе категории го покажува потенцијалното финансиско влијание од сезоната 2020/2021 со играње без публика, пренесува „Би-би-си“. Така, големата шесторка во Премиер-лигата (Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем), во сезоната 2018/2019 година имала вкупен приход од натпреварите од 495 милиони фунти што е 73 отсто од вкупно остварените во Премиер-лигата.

Манчестер јунајтед, чиј стадион има најголем капацитет и просечна посетеност во Премиер-лигата, генерирал над четири милиони фунти по натпревар во сезоната 2018/2019, во која имаше осум екипи со просек од по над еден милиони фунти остварени на домашен терен од еден меч.
Во првата сезона во Премиер-лигата (1992/93), од приходите на натпреварите се собрале 89 милиони фунти (43 отсто) од вкупно 205 милиони фунти. Денеска уделот на натпреварот е само 13 отсто, иако апсолутната бројка се зголеми на 677 милиони фунти. Арсенал оствари речиси четвртина (најмногу од сите клубови) од вкупниот приход на натпреварите минатата сезона, а Арсенал имаше втора најголема резерва на готовина минатото лето (на таа листа води Манчестер јунајтед), пишува „Би-би-си“.
Приходот од натпреварите претставуваат 22 отсто од вкупниот износ на платите.

Сепак, постои голема разлика во поглед на придонесот на гледачите на поединечни клубови, па така тие на Арсенал и на Тотенхем, и двата со стадиони со капацитет од 60.000 гледачи и значителни дополнителни приходи, придонесуваат со над 40 пени на секоја една фунта од платата. Вкупниот износ на платите во Премиер-лигата за 2018 година бил малку повеќе од три милијарди фунти, пишува „Би-би-си“. Г.И.