Славниот шпански фудбалски голман Икер Касилјас (37) претрпел срцев удар утринава, потврди неговиот клуб Порто, а пренесоа повеќе светски медиуми.
Поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид моментно се опоравува во болница откако имал итен оперативен зафат.
Португалските медиуми објавија дека Шпанецот почувствувал болки за време на тренинг на клубот.
Не се очекува Касилјас да настапи за Порто до крајот на сезонава.