Поранешната фудбалска ѕвезда на Бразил и на Барселона Роналдињо бргу се прилагодува на условите на затворот во Парагвај, како што посочи управникот на казнената установа за медиумите. Од друга страна неговите адвокати надеваат дека Роналдињо би можел наскоро да биде пуштен во домашен притвор додека истрагата продолжува.
– Тој добро се справува со ситуацијата. Гледам дека е во добро расположение, исто како што го гледате и на телевизија, секогаш насмеан – посочи управникот на затворот Блас Вера, во изјава за „Ројтерс“.
Управникот додаде дека Роналдињо и неговиот брат имаат кревети, телевизор и вентилатор во нивната ќелија во затворот во близина на главниот град на Парагвај, Асунсион.
Адвокатите на двоецот им донесоа храна на нивните клиенти и тие не ја јадат затворската храна.
Затворот со максимална обезбеденост сместува околу 200 затвореници, меѓу кои има политичари и полицајци обвинети за корупција. Најопасните осуденици се затворени во друго затворско крило, со што Роналдињо е одвоен од нив. Управникот додаде дека тој работи за престојот на познатиот двоец да биде „што е можно поудобен“.
Роналдо ќе помине шест месеци во затворот откако беше уапсен поради влез во Парагвај со лажен пасош.