Дидие Дешам стана трет човек во историјата што успеал да го освои Светското првенство како фудбалер и како тренер.
Како играч Дешам го освои златниот медал дома на СП 1998, а 20 години подоцна како селектор ја доведе Франција до трофејот.
Пред Дешам само двајцата тренери го имаат ова достигнување. Тоа се Бразилецот Марио Загало (како играч – во 1958 и 1962 година и како тренер – во 1970 година) и Германецот Франц Бекенбауер (како играч – во 1974 година и како тренер – во 1990 година).