Вредностите на фудбалерите се пресметани со користење ексклузивен економетриски пристап развиен од истражувачкиот тим ЦИЕС, со повеќе варијабли во врска со играчите (должината на преостанатиот договор со клубот, возраста, меѓународниот статус, напредокот во кариерата, настапите во различните натпреварувања, на клупско и на репрезентативно ниво, минути, голови, асистенции, дриблинзи, додавања…)

СПОРЕД ЦИЕС

Бразилската ѕвезда во подем на Реал Мадрид, Винишиус Жуниор (21), е најскапиот фудбалер на светот во моментов, во петте најдобри европски лиги, со проценета вредност од 166,4 милиони евра, според алгоритамот на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Швајцарија. Со тоа Винишиус ги надмина Фил Фоден од Манчестер сити (152,6 милиони евра) и Ерлинг Холанд од Борусија Дортмунд (142,5 милиони евра). Од овие бројки се изземени евентуалните откупни клаузули во договорите на играчите.
По позиција, врвните трансфер-вредности се пресметани за Џанлуиџи Донарума (82 милиони) од ПСЖ кај голманите, за Рубен Дијас (120,5) од Манчестер сити меѓу централните одбранбени фудбалери, за Алфонсо Дејвис (122,3) од Баерн кај бековите, за Џуд Белингам (130,1) од Борусија Дортмунд кај дефанзивните играчи од средниот ред, за Флоријан Вирц (133 милиони евра) од Баер меѓу напаѓачите, покрај Винишиус Жуниор. Кевин де Брујне (54,6 милиони евра) има најголема вредност меѓу играчите на возраст од 30 и повеќе години, а Килијан Мбапе (71,5 милион евра) е на врвот на листата за играчи на што им завршуваат договорите во јуни.
Вредностите на фудбалерите се пресметани со користење ексклузивен економетриски пристап развиен од истражувачкиот тим на ЦИЕС. Станува збор за повеќе варијабли во врска со фудбалерите. Тие ја вклучуваат должината на преостанатиот договор со клубот, возраста, меѓународниот статус, напредокот во кариерата, настапите во различните натпреварувања, на клупско и на репрезентативно ниво (минути, голови, асистенции, дриблинзи, додавања итн.).