На листата на „Би-би-си“ се некои од најголемите фудбалски имиња што играат во Европа, како на пример Бејл, Погба, Ериксен, Дембеле, Суарез, Ди Марија, Лингард, Кавани, Фернандињо, Иско

ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК

Некои од најголемите фудбалски имиња што настапуваат во Европа се достапни како слободни играчи во летниот преоден рок, со истекувањето на нивните договори во нивните сегашни клубови, пишува „Би-би-си“. Дали Пол Погба ќе се врати во Јувентус, каде ќе игра Герет Бејл по Реал Мадрид, каде би можел да настапува Кристијан Ериксен, пишува „Би-би-си“, кој состави листа со слободни фудбалери.
На таа листа се, на пример, Герет Бејл (во трофејните девет години во Реал Мадрид освои пет титули во Лигата на шампионите и три титули во Шпанија, а тој веќе рече дека неговото семејство и формата за Светското првенство ќе бидат негови главни приоритети кога ќе одлучи каде ќе игра во следната сезона), Пол Погба (со Манчестер јунајтед ги освои Лига-купот и Лига Европа во рок од една година од неговото враќање од Јувентус во 2016 година, а ѝ помогна на Франција да го освои Светското првенство во 2018 година), Кристијан Ериксен (во Брентфорд се врати во фудбалот по срцевиот удар на ЕП 2020, по што му беше вграден кардиовертер-дефибрилатор, ИЦД, а на Брентфорд му помогна да го обезбеди својот статус во Премиер-лигата), Џеси Лингард (две децении во Манчестер јунајтед), Усман Дембеле (Барселона), Единсон Кавани (Манчестер јунајтед), Фернандињо (Манчестер сити, репрезентативецот на Бразил веќе изрази желба да се врати во својата татковина кога ќе го напушти Сити, каде што освои пет титули во првата лига, шест лига-купа и ФА-купот), Луис Суарез (Атлетико Мадрид), Иско (Реал Мадрид), Анхел ди Марија (93 гола на 295 меча за ПСЖ, освојувајќи пет титули во лигата и девет домашни купа)…