ФУДБАЛ – САД
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез му се приклучи на Интер Мајами за фудбалската сезоната во 2024 година во американската МЛС-лига, обединувајќи се повторно со поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Суарез досега настапуваше за бразилски Гремио.
Главниот деловен директор на Интер Мајами, Ксавиер Асенси, го опиша потписот на поранешниот напаѓач на Ливерпул како „уште еден монументален момент“ за клубот, пишува „Би-би-си“. Суарез, кој освои домашни титули и со Национал, Ајакс и со Атлетико Мадрид, постигна 17 гола на 33 натпревари и беше избран за најдобар играч во лигата.
Суарез освои четири титули во Ла лига со Барселона, заедно со Меси, Бускетс и со Алба во периодот од 2015 до 2019 година, како и Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во 2015 година. Н.М.