ФУДБАЛ – ШКОТСКА

Селтик, бранителот на титулата во Шкотска, го декласира Ренџерс, локалниот градски ривал од Глазгов, победувајќи го со 4-0. По шест кола, Селтик има максимални 18 бода (гол-разлика 25-1!), пет повеќе од Ренџерс.
Дуелите меѓу овие два тима се меѓу најголемите ривалства во светскиот фудбал. Пред две сезони, Стивен Џерард го предводеше Ренџерс до првата титула во последните десет години, со што ѝ стави крај и на деветгодишната доминација на Селтик, во периодот кога Ренџерс беше исклучен од лигата во 2012 година.
Првиот дерби-меч од досегашните 414 е одигран на 28 мај 1888 година, кога новоформираниот Селтик го победил Ренџерс со 5-2, на неговиот нов терен во Паркхед. Ренџерс е нешто поуспешен досега, со 159 победи наспроти 156-те на Селтик, со 99 ремија.

Л.Д.