ФУДБАЛ – АНГЛИЈА
Преигрување мечеви по нерешен резултат во прв натпревар во третото и во четвртото коло на англискиот фудбалски ФА-куп и полуфиналето на лига-купот во две средби можеби ќе бидат укинати како дел од реформите во календарот на англискиот фудбал. Промените исто така би можеле да донесат до враќање на петтото коло од ФА-купот да се игра за време на викенд, пишува „Би-би-си“. Промените се предизвикани од притисокот врз домашниот календар, како што е проширувањето на европските клупски натпреварувања од идната сезона. Уште не е познато кога би можело да стапат во сила промените, пишува „Би-би-си“. Н.М.