Во второто четврт-финале, Шпанија со 2-1, но дури во продолжението, ја совлада Холандија
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ФУДБАЛЕРКИ
Женската репрезентација на Шведска ја совлада со 2-1 Јапонија во четврт-финалето на Светското првенство (СП) во фудбал за жени, кое се одржува во Австралија и Нов зеланд и се пласираше во полуфиналето, кое претставува петто во нејзината историја. Противник на Швеѓанките ќе им биде Шпанија (мечот се игра на 15 август), која исто така славеше со 2-1 против Холандија, но дури во продолжението.
Швеѓанките поведоа со голот на Аманда Илестед (32. мин.), а Филипа Анхелдал од пенал зголеми на 2-0 (51.). Јапонија не го реализираа пеналот во 74-та минута, а утешниот гол го постигна Хонока Хајаши (87.).
За разлика од Шведска, Шпанија за првпат се пласира во полуфинале на едно СП. Шпанија поведе со голот на Марион Калдентај од пенал, но Стефани Ван дер Грагт израмни 10 минути подоцна, додека полуфиналето го обезбеди Салма Паралуело, која даде гол во 111-та минута. Полуфиналниот натпревар меѓу Шведска и Шпанија е закажан за 15 август.
Во преостанатите два четвртфинални дуела денеска играат, Австралија – Франција или Англија – Колумбија. Г.И.