Меѓу фразите се: свртувањето на Кројф, лажна деветка, гегенпресинг, паненка, рабона, тики-така, тотален фудбал, изјави на Мурињо и на Фергусон итн.

Фрази измислени од поранешниот тренер на Челси, Жозе Мурињо, и од поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, се меѓу 15-те нови додатоци на англискиот речник на Оксфорд, пишува „Би-би-си“. Меѓу изразите се, на пример, свртувањето на Кројф (според познатиот дриблинг на Јохан Кројф на Светското првенство во 1974 година), лажна деветка (центарфор што често е поблиску до средниот ред отколку што е на местото типично за таа улога), гегенпресинг (стил на игра во кој тимот по губењето на поседот врши интензивен притисок врз противничката екипа, дури и длабоко во противничката половина, во обид да ја врати топката), паненка (според пеналот првпат изведен од Чехот Антонин Паненка во финалето на Европското првенство во 1976 година, со лоб по средината на голот во моментот кога голманот заминува на едната страна), рабона (шутирање на топка во која ногата што шутира се вкрстува зад стоечката нога пред да оствари контакт), тики-така (стил на игра што се карактеризира со многу прецизни кратки додавања и акцент на задржување на поседот на топката), тотален фудбал (напаѓачки стил на фудбал во кој секој играч на теренот може да игра на која било позиција како што се бара во текот на играта, за да овозможи течно движење низ теренот додека ја задржува целокупната структура на тимот додека играчите ги менуваат позициите и ги пополнуваат местата оставени од другите) итн.

Во речникот е влезена и фразата на Жозе Мурињо: „Паркирајте го автобусот“ (со значење да се игра на многу одбранбен начин, обично со тоа што мнозинството играчи на теренот се блиску до сопствениот гол, покажувајќи мала напаѓачка намера), како и таа на Алекс Фергусон (Оксфорд ја дефинира фразата на Фергусон „squeaky bum time“ како „звукот на некој што немирно се преместува на пластично столче за време на напнати завршни фази на натпревар“ употребен „главно во спортски контекст особено во напнат временски период, на пример оној што води до кулминација на натпревар или настан“).