Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, изјави оти е среќен што вчера го прославил својот 82 роденден во добро здравје, и покрај здравствените проблеми со кои се соочуваше изминатите изминатите години.
– Пријатели мои од Бразил и од целиот свет. Среќен сум, многу сум среќен, што сум тука со вас и што Господ ми подари здравје да можам да ви заблагодарам на сите за сè што добив во животот – рече Пеле во видеопорака објавена на социјалните мрежи.
Прославениот бразилски фудбалер рече дека 82. роденден е „дар од Бога“ и на шега додаде оти се надева дека ќе живее уште толку години.
Пеле, кого многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња, последните години имаше здравствени проблеми, а лекарите во Бразил лани му отстранија тумор од дебелото црево.
Пеле дебитираше за Бразил на 17-годишна возраст и со Кариоките освои три светски титули (1958, 1962, 1970).