Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

  • Во моментов има пет меѓународни паузи секоја година, во март, јуни, септември, октомври и во ноември, кога се играат по два меча. Со измената се укинуваат натпреварите во октомври, а ќе има продолжен период во септември, кога секоја селекција ќе одигра по четири натпревари

Двонеделната октомвриска меѓународна пауза ќе биде укината во 2026 година, како дел од потег со кој ќе се зголеми септемврискиот меѓународен период за играње мечеви на фудбалските репрезентации, пишува „Би-би-си“. Ќе има пауза од три недели за меѓународните натпревари во септември, кога репрезентациите ќе играат четири меѓународни натпревари, наместо два.
Промената се прави од повеќе причини. Една од нив е и тоа што финалето на Светското првенство во 2026 година е на најдоцниот летен датум на светските првенства од 1966 година, на 19 јули, благосостојбата на играчите, исто така, беше вклучена во дискусиите што се одржаа со засегнатите страни и сите конфедерации на Светската фудбалска федерација (ФИФА) пред одобрувањето, патувањата се фактор во промената, па намалувањето на паузите ќе го намали бројот на патувања каде што играчите од еден континент мора да патуваат на друг за нивните меѓународни натпревари, пишува „Би-би-си“.

Во моментов има пет меѓународни паузи секоја година, кои траат по две недели, и тоа во март, јуни, септември, октомври и во ноември. Потегот за продолжениот септемвриски период беше одобрен од Советот на Светската фудбалска федерација во март 2023 година, а отстранувањето на октомвриската пауза, исто така, доведува до тоа да има дополнителна недела за домашен фудбал во календарот, пишува „Би-би-си“.
Измената ќе им овозможи на фудбалските репрезентации да одиграат четири натпревари во тој период во септември наместо два, пред фудбалерите да се вратат во своите клубови. За европските селекции во септември в година тоа ќе бидат првите четири кола од групната фаза од новата сезона на Лигата на нациите. Новиот меѓународен календар е заклучен барем до 2030 година.
Бројот на натпревари што ги играат фудбалските репрезентации останува непроменет. Во моментов, тие играат вкупно шест средби во септември, октомври и во ноември. Овој број ќе остане шест во 2026 година, но четири ќе се одиграат во првата продолжена пауза во септември, како и два во ноември, наспроти три репрезентативни периоди со по два натпревара, пишува „Би-би-си“. Н.М.