Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

  • В година првпат на СП во фудбал ќе играат Јордан, Узбекистан, Зелено`ртската Република и Курасао. Преку европскиот плејоф шанса за деби на СП ќе имаат Македонија, Косово и Албанија, а преку интерконтиненталниот бараж Нова Каледонија и Суринам

На фудбалското Светско првенство (СП) в година во САД, Мексико и во Канада ќе има најмалку четири дебитанти, а во доигрувањето во Европа и во интерконтиненталниот плејоф ќе настапат уште пет селекции што ќе играат за прв настап на мундијалите, меѓу нив и Македонија.
Ако се изземат првите две светски првенства, кога имаше најмногу дебитанти (сите 13 селекции на првото СП во 1930 година и 10 репрезентации на следниот шампионат, четири години подоцна), планетарно фудбалско првенство со најмногу дебитанти беше тоа во 2006 година во Германија, кога првпат на СП настапија шест селекции, и тоа Тринидад и Тобаго, Ангола, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Того и Украина.
В година првпат на светско првенство во фудбал ќе играат репрезентациите на Јордан, Узбекистан, Зелено`ртската Република и на Курасао. Преку европскиот плејоф шанса за деби на СП ќе имаат селекциите на Македонија, Косово и на Албанија, а преку интерконтиненталниот бараж Нова Каледонија и Суринам.
Европскиот плејоф ќе има четири патеки, за четири места на СП 2026. Во интерконтиненталниот плејоф ќе играат шест репрезентации, и тоа Боливија (Јужна Америка), ДР Конго (Африка), Ирак (Азија), Јамајка, Суринам (Северна Америка) и Нова Каледонија (Океанија), а две од нив ќе настапат на Светското првенство в година.
Досега на фудбалските мундијали се пласирале84 репрезентации, заклучно со СП 2026, по заокружувањето на групната фаза од квалификациите во целиот свет за Мундијалот во 2026 година. Н.М.


УЧЕСНИЦИ НА СП 2026

  • Европа (12): Австрија, Белгија, Хрватска, Англија, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шкотска, Шпанија, Швајцарија
  • Африка (9): Алжир, Зелено’ртска Република, Египет, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал, Јужна Африка, Тунис
  • Азија (8): Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Узбекистан
  • Јужна Америка (6): Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај
  • Северна Америка (6): САД, Мексико, Канада, Курасао, Хаити, Панама
  • Океанија (1): Нов Зеланд
  • Европски плејоф уште за четири места: Македонија, Словачка, Украина, Република Ирска, Полска, Италија, Албанија, Чешка, Косово, Данска, Турција, БиХ, Велс, Шведска, Романија и Северна Ирска
  • Интерконтинентален плејоф уште за две места: Боливија (Јужна Америка), ДР Конго (Африка), Ирак (Азија), Јамајка, Суринам (двете селекции од Северна Америка) и Нова Каледонија (Океанија)