Македонската репрезентација на 6 јуни игра дома со Белгија, а три дена подоцна на гости со Казахстан. По првите две средби одиграни во март, Македонија води во групата Ј со четири бода
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари со Белгија, на 6 јуни во Скопје, и со Казахстан, три дена подоцна, во Астана, во квалификациите за пласман на Светското првенство в година во САД, Мексико и во Канада.
По првите два натпревара одиграни во март, Македонија води во групата Ј со четири освоени бода, по победата на гости кај Лихтенштајн со 3-0 и ремито дома со Велс, 1-1. Ист број бодови има и Велс, Казахстан освои три бода, а без бодови се Лихтенштајн и Белгија, која досега не одигра ниту еден натпревар поради настапот во март во плејофот за опстанок во лигата А на Лигата на нациите.
Македонија и Белгија досега одиграа четири меѓусебни меча (еден дуел заврши со реми, а три со победа на Белгија), сите во квалификации, првите два за Европското првенство во 1996 година, а вторите за пласман на Светското првенство во 2014 година. Македонија и Казахстан досега се сретнаа еднаш, во пријателски меч, во кој Македонија, во пресрет на деби-настапот на Европското првенство во 2021 година, победи во Скопје.
На фудбалскиот Мундијал в година првпат ќе играат 48 репрезентации (досега настапуваа по 32 селекции). Од Европа преку квалификациите на планетарниот шампионат ќе се пласираат вкупно 16 репрезентации. Првопласираните во 12-те квалификациски групи ќе обезбедат директен настап на Светското првенство в година.
Во плејофот ќе играат 12-те второпласирани репрезентации во квалификациските групи и уште четири најдобри меѓу победниците на групите од Лигата на нациите, а кои не освоиле едно од првите две места во своите групи во квалификациите за СП 2026. Македонија е една од 14-те репрезентации победнички на групите во Лигата на нациите, заедно со селекциите на Португалија, Франција, Германија, Шпанија, Чешка, Англија, Норвешка, Велс, Шведска, Романија, Северна Ирска, Сан Марино и на Молдавија.
Состав, објавен од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ): Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски, Игор Алексовски (голмани), Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски, Ѓоко Зајков, Стефан Деспотовски (одбрана), Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов, Агон Елези (среден ред), Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски, Давид Тошевски, Димитар Митровски (напад). Н.М.
ГРУПА Ј
Македонија – Белгија 6 јуни
Велс – Лихтенштајн 6 јуни
ТАБЕЛА
Македонија 2 1 1 0 4-1 4
Велс 2 1 1 0 4-2 4
Казахстан 2 1 0 1 3-3 3
Белгија 0 0 0 0 0-0 0
Лихтенштајн 2 0 0 2 0-5 0