ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП (ЖЕНИ)
Женската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија по нерешениот резултат 1-1 со Молдавија одигран во Скопје, во рамките на третото коло од групата 2 во лигата Ц, за пласман на претстојното Европско првенство (ЕП) во 2025 година во Швајцарија, утре во четвртото коло (19 часот), ја чека нов дуел со истиот ривал, но сега на гости во Кишинев.
Македонија, предводена од селекторот Александар Андов, досега во овој квалификациски циклус за пласман на ЕП има впишано вкупно четири бода. Притоа забележа една победа (4-3) против селекцијата на Летонија на гостински терен. Словенија беше пресилна славејќи со убедливи 5-0, додека против репрезентацијата на Молдавија немаше победник (1-1) иако Македонките беа поблиску да ја забележи втората победа во овие квалификации за ЕП. Г.И.