Кварацхелија фудбалер на годината во Серија А

ИТАЛИЈА

Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија, е прогласен за фудбалер на годината во италијанската Серија А, а наградата за тренер на годината ќе ја добие тренерот Лучијано Спалети, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Кварацхелија (22) во освојувањето на првата титула на Наполи во Серија А по 33 години постигна 12 гола и 10 асистенции.
– Влијанието на Квича Кварацхелија врз лигата беше импресивно. Честитки до Наполи што го донесе во Италија овој талент, кој уште од првите натпревари го покажа својот репертоар на техника, дриблинг, личност и креативност. Со 12 гола и 10 асистенции, Кварацхелија беше еден од водечките играчи за „азурите“, кои го освоија Скудетото и направија многу љубители на убавиот фудбал да сонуваат – рече извршниот директор на Серија А, Луиџи де Сиерво, пренесе АП.