Кејн го постигна она што се покажа како победнички гол за Баерн на дуелот со Селтик (2-1) на гости и сега има 36 гола во ЛШ, повеќе од кој било друг англиски фудбалер
Откако постигна уште еден гол во Лигата на шампионите (ЛШ), англискиот фудбалски капитен Хари Кејн ја повтори својата желба еден ден да ги пренесе своите вештини за шутирање во НФЛ-лигата, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Кејн го постигна она што се покажа како победнички гол за Баерн на дуелот со Селтик (2-1) на гости, во првиот натпревар од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, и сега има 36 гола во ЛШ, повеќе од кој било друг англиски фудбалер. Во интервју за „Си-би-ес“ по натпреварот, Кејн беше прашан за неговата љубов кон НФЛ (американски фудбал), а тој е голем навивач на Њу Ингланд.
– Порано ме прашуваа за тоа и мојот фокус е тука, Лигата на шампионите, Баерн, но тоа е нешто што би сакал да го истражам во иднина. Но уште чувствувам како да имам уште многу години пред мене во фудбалот – рече Кејн, пренесе АП.
Гостите имаа подобри резултати во првите мечеви од плејофот во Лигата на шампионите неделава, откако забележаа пет победи на осумте меча. Пред реваншите идната недела дома, со предност по првите дуели на гости се Баерн, Бенфика, Пари сен Жермен, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а домашни победи забележаа Клуб Бриж, Феенорд и Јувентус. Н.М.
ЛШ, ПЛЕЈОФ
Клуб Бриж – Аталанта 2-1
Феенорд – Милан 1-0
Селтик – Баерн 1-2
Монако – Бенфика 0-1
Брест – Пари сен Жермен 0-3
Манчестер сити – Реал М. 2-3
Јувентус – ПСВ Ајндховен 2-1
Спортинг – Борусија Д. 0-3
реваншите се идната недела