Домаќинот на Азискиот куп Катар ја одбрани континенталната фудбалска титула, совладувајќи го вечерва пред своите гледачи Јордан со 3-1 во финалниот натпревар во Лусаил.
До својата втора азиска титула во историјата Катар дојде реализирајќи три пенали, а троен стрелец беше Акрим Афиф, биејќи прецизно од белата точка во 26. и 73. минута, како и во судиското продолжение (90+11).
Единствениот гол за Јордан го постигна Јазан Ал Најмат во 67. минута.
Со триумфот Катар ја одбрани азиската титула која првпат ја освои на последното издание во 2019 година, кога во битката за трофејот ја совлада Јапонија.