Фото: ЕПА

Канзас сити победи во сите натпревари на Летниот куп, и тоа забележа три триумфа во групната фаза и по еден во полуфиналето и во финалето (со Готам, со 2-0), со вкупна гол-разлика 14-2

ФУДБАЛ – САД

Канзас сити карент на македонскиот тренер Влатко Андоновски е победник на првиот Летен куп за фудбалерки во кој играат тимови од САД и од Мексико, откако во финалето го победи Готам со 2-0.
Двата гола ги постигна Темва Чавинга, која неодамна го собори рекордот на Националната женска фудбалска лига во една сезона и постигна вкупно 20 гола на 25 натпревари, со уште еден меч од регуларниот дел од сезоната, пишува ЕСПН.
Готам и Канзас сити се на третото, односно на четвртото место на табелата за регуларниот дел од сезоната во првенството на САД со еден бод разлика, пред последното коло на тој дел од сезоната. Двата тима ќе играат во плејофот за титулата.
Летниот куп се одржа првенствено за време на летната олимписка пауза и во него учествуваа сите 14 тима од највисоката лига на САД, кои се натпреваруваа со шест екипи од првата дивизија на Мексико. Готам и Канзас сити ги освоија првите места во нивните групи пред да победат во мечевите од полуфиналињата во август. И во машка конкуренција се игра вакво натпреварување, со име Лига-куп, а досегашни победници се Круз Азул, Леон (двата тима од Мексико), Интер Мајами и Колумбус кру (двата од САД).
Канзас сити победи во сите натпревари на Летниот куп, и тоа забележа три триумфа во групната фаза и по еден во полуфиналето и во финалето, со вкупна гол-разлика 14-2.
– Има нешто во тоа градење победнички менталитет. Не можете да освоите голем трофеј ако не ги освоите малите… Тоа е добра навика да се има. Победувањето е навика – рече Андоновски, пренесе ЕСПН. Н.М.