„Би-би-си“ и компанијата за спортска аналитика „Опта“ ги погледнаа бројките од секоја пенал-серија помеѓу 1982 и 2018 година на светските првенства, за тоа во кој дел од голот досега било најуспешно да се шутира, по кој редослед, кои се најуспешните селекции досега на мундијалите, кои резервни фудбалери оставиле печат… По мечот Јапонија – Хрватска (1-1 по 120 минути игра, 1-3 на пенали) во осминафиналето на СП 2022, досега на мундијалите имало 31 натпревар решени на пенали

ФУДБАЛ

Пред почетокот на фудбалското Светско првенство (СП) во Катар имаше 30 натпревари што беа решени на пенали на мундијалите, со вкупно 279 изведени удари од белата точка, пишува „Би-би-си“. По мечот Јапонија – Хрватска (1-1 по 120 минути игра, 1-3 на пенали) во осминафиналето на СП 2022, сега тие бројки се зголемени на 31 и 287.
„Би-би-си“ и компанијата за спортска аналитика „Опта“ ги погледнаа бројките од секоја пенал-серија помеѓу 1982 и 2018 година на светските првенства. Прв совет, изберете страна. Шансите да се постигне гол од пенал се многу зголемени ако се бие десно или лево, пишува „Би-би-си“. Околу 74 отсто од пеналите упатени десно и истиот процент од оние што се шутирани лево резултирале со погодок. Каде и да се бие има слична шанса да биде одбранет таков пенал (околу 21 отсто), но поголема е веројатноста да се промаши целта биејќи по средината. Околу 11 проценти од централно изведените пенали ја погодиле гредата, а други 11 отсто заминале над голот. За удари лево или десно тие бројки паѓаат на три, односно на еден процент, а шут високо обично е, исто така, подобро, пишува „Би-би-си“.
Најдобрите изведувачи на пенали обично бијат први. Стапките на реализација за првите три пенали од секој тим се 75, 73 и 73, соодветно. Пеналот број четири е гол во 64 отсто од ударите, а петтиот има 65 проценти успешност. Изненадувачки, само две пенал-серии на светските првенства се изведуваа во повеќе од само пет серии, со 50-процентна реализација од четири удари. Поделувајќи ги играчите на различни репрезентации од еден до 10, најуспешните играчи се вториот и петтиот изведувач, по 77 отсто. Осмиот изведувач има најлоша стапка од првите десет, 61 отсто. Заклучно со СП 2018, нема разлика која селекција бие прва, секоја добивајќи по 15 пенал-серии.
Играчите од средниот ред се најчестите фудбалери што изведуваат пенал за светските првенства, веројатно не е изненадувачки, бидејќи повеќето селекции имаат повеќе играчи од средниот ред отколку напаѓачи. Напаѓачите се најуспешни, со 63 гола од 84 шута (75 отсто), од 122 играчи од средниот ред 84 постигнале гол (69 проценти), а од одбранбените фудбалери 49 од 73 (67 отсто), пишува „Би-би-си“.

Германија е најдобрата репрезентација во изведувањето удари од белата точка во пенал-сериите на светските првенства, победувајќи во сите четири меча, со Франција (во 1982 година), Мексико (1986-та), Англија (1990-та) и со Аргентина (2006-та). Германските репрезентативци постигнаа 17 гола од 18 удари, а Ули Штилике е единствениот што промаши, во првата серија пенали на светските првенства, на мечот Западна Германија – Франција, пишува „Би-би-си“. Аргентина постигна 17 гола од 22 шута од пенал, победи на четири од пет средби, загуби само од Германија. Англија промаши повеќе пенали во пенал-сериите на светските првенства од која било друга селекција, осум (од 19 шута), а таа репрезентација има една победа и три пораза на пенали на мундијалите, како и Шпанија и Италија, пишува „Би-би-си“.
Нема голема разлика, но пенали со десна нога се постигнати во 71 отсто од случаите, со 68 проценти од оние што се изведуваат со левата нога.
Репрезентациите повремено внесуваат играчи само за изведување пенали. Тешко е да се процени кој влегол чисто за пеналите, но од играчите што влегле во второто продолжение на мечевите и извеле пенал, пет од осум (63 отсто) постигнале гол, пишува „Би-би-си“. Од оние што влегле во игра во последните 10 минути, тоа е два од три (67 насто), а од тие во последните пет минути, еден од два (50 проценти). Нема сомнеж дека најуспешната замена за пенал-серија досега е голманот Тим Крул на мечот на Холандија со Костарика, во четврт-финалето на Светското првенство во 2014 година. Тој го замени Јеспер Силесен во 121-та минута и, со многу игри на умот, одбрани два пенала за победа на Холандија.


СП 2022 ОСМИНАФИНАЛЕ

1. Холандија – САД 3-1
2. Аргентина – Австралија 2-1
3. Франција – Полска 3-1
4. Англија – Сенегал 3-0
5. Јапонија – Хрватска 1-1 (1-3 п.)
6. Бразил – Јужна Кореја 4-1
7. Мароко – Шпанија синоќа
8. Португалија – Швајцарија синоќа

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
А. Хрватска – Бразил петок, 16 ч.
Б. Холандија – Аргентина петок, 20 ч.
В. Победник 7 – Победник 8 сабота, 16 ч.
Г. Франција – Англија сабота, 20 ч.

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник А – Победник Б 13 декември
Победник В – Победник Г 14 декември
Мечот за третото место е на 17 декември, а финалето на 18 декември