ФУДБАЛ

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го почна процесот на повлекување од проектот за формирање европска фудбалска суперлига, пишува „Би-би-си“.
Иако првичната идеја пропадна во 2021 година, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид се задржаа на општите принципи за таа лига. Но минатиот месец Јувентус побара разговори со шпанските клубови и сега почна да разговара за излегување од планот.
Клубот од Торино соопшти дека неговото излегување ќе биде комплетирано и ефективно само доколку биде одобрено од Барселона и од Реал Мадрид, пишува „Би-би-си“.
– По ваквите дискусии и со оглед на постојните несогласувања во толкувањето на релевантните договорни услови применливи за проектот суперлига, Јувентус потврдува дека ја почнал процедурата за излегување – се вели во соопштението. Н.М.