Фото: „Нова Македонија“

Од четирите дополнителни места, две ќе им се доделат на двете земји чии клубови ќе имаат најдобри резултати во сите европски купови сезонава, пишува „Скај спорт“

ФУДБАЛ

Клуб од англиската фудбалска Премиер-лига може да добие дополнително место во Лигата на шампионите за следната сезона, пишува „Скај спорт“. Ова ќе биде последната сезона од постојниот формат со 32 екипи во групната фаза, поделени во осум групи. Од следната сезона 36 тима ќе се натпреваруваат во една лига. Од четирите дополнителни места, две ќе им се доделат на двете земји чии клубови ќе имаат најдобри резултати во сите европски купови сезонава, пишува „Скај спорт“.
Тие позиции моментално ги држат Италија и Англија, пишува „Скај спорт“. Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Вест хем, Брајтон и Астон вила се активни во натпреварувањата на Европската фудбалска унија (УЕФА) од Англија, а Интер, Лацио, Наполи, Рома, Милано, Аталанта и Фиорентина од Италија.
Стандардни поени за трите европски купа се два за победа и еден за реми (поените се преполовуваат во квалификациските рунди), а бонус поените се за ЛШ четири за учество во групна фаза, пет за осминафинале, по еден за следните рунди, потоа за Лига Европа четири за првото место во групите, два за второпласираните, по еден за од осминафиналето понатаму, а во Конференциската лига два за првото место во групата и по еден за второпласираните и за пласманите во полуфинале и финале, пишува „Скај спорт“. Бројот на бодовите што се доделуваат секоја сезона се дели со бројот на тимовите што учествувале во таа земја во таа сезона и се заокружува на три децимални места, пишува „Скај спорт“.
Едно место ќе му припадне на клубот што е третопласиран во шампионатот на асоцијацијата на петтата позиција во рангирањето на националниот сојуз на листата на УЕФА, а едно на домашен шампион (вкупно пет, наместо четири како досега), од квалификациите преку т.н. Пат на шампионите. Н.М.