Фото: ЕПА

Тимот на Влатко Андоновски постави два и израмни еден рекорд на Националната женска фудбалска лига на САД. Победата на дуелот викендов е 89-та во регуларен дел на сезона во кариерата за Андоновски, кој е на второто место во историјата на лигата, пишува Канзас сити карент

ФУДБАЛ – ПРВЕНСТВО НА САД

Канзас сити карент оствари историска победа во нов натпревар пред полн стадион дома, совладувајќи го Хјустон со 2-0, во првенството на САД за фудбалерки, објави клубот. Со победата, тимот на македонскиот стручњак Влатко Андоновски изби на првото место на табелата во Националната женска фудбалска лига (НВСЛ) и ја одбележа деветтата последователна победа на клубот во регуларен дел од сезоната, што е најдолга серија победи во регуларната сезона во историјата на Лигата. Серијата почна минатата сезона.
Канзас сити е само вториот тим во историјата на Националната женска фудбалска лига на САД што почнал сезона со пет победи во првите пет кола и постави рекорд на Лигата постигнувајќи најмалку два гола во седум последователни натпревари. Тимот во мечот викендов оствари уште еден одличен натпревар на одбранбената линија, продолжувајќи ја тековната серија без примен гол до рекордна 401. минута. Серијата од четири натпревари во низа без примен гол е, исто така, најдолга во клупската историја.
– Ние не ги тренираме играчите поинаку, само работите се поставија и новите играчи што дојдоа и поминуваат време заедно, подобро се познаваат… Кога ја имаме топката, напаѓаме, но кога ја немаме, се браниме со напад во мислите – рече Андоновски, пренесе Канзас сити карент на својата интернет-страница.
Сега со петте победи на петте меча во новото првенство, Канзас сити е вториот тим во историјата на Националната женска фудбалска лига што победил во првите пет натпревари од сезоната. Тимот на Андоновски е сам на првото место (вкупна гол-разлика 12-1) на табелата откако во ова коло Орландо загуби дома од Вашингтон со 0-1 и сега има три бода помалку од Канзас сити.
На овој дуел се одбележа и 89-та победа во регуларен дел на сезона на Националната женска фудбалска лига на САД во кариерата за Андоновски, кој е на второто место во историјата на лигата, пишува Канзас сити карент. Канзас сити карент оствари историска победа во нов натпревар пред полн стадион дома, совладувајќи го Хјустон со 2-0, во првенството на САД за фудбалерки, објави клубот. Со победата, тимот на македонскиот стручњак Влатко Андоновски изби на првото место на табелата во Националната женска фудбалска лига (НВСЛ) и ја одбележа деветтата последователна победа на клубот во регуларен дел од сезоната, што е најдолга серија победи во регуларната сезона во историјата на Лигата. Серијата почна минатата сезона.
Канзас сити е само вториот тим во историјата на Националната женска фудбалска лига на САД што почнал сезона со пет победи во првите пет кола и постави рекорд на Лигата постигнувајќи најмалку два гола во седум последователни натпревари. Тимот во мечот викендов оствари уште еден одличен натпревар на одбранбената линија, продолжувајќи ја тековната серија без примен гол до рекордна 401. минута. Серијата од четири натпревари во низа без примен гол е, исто така, најдолга во клупската историја.
– Ние не ги тренираме играчите поинаку, само работите се поставија и новите играчи што дојдоа и поминуваат време заедно, подобро се познаваат… Кога ја имаме топката, напаѓаме, но кога ја немаме, се браниме со напад во мислите – рече Андоновски, пренесе Канзас сити карент на својата интернет-страница.
Сега со петте победи на петте меча во новото првенство, Канзас сити е вториот тим во историјата на Националната женска фудбалска лига што победил во првите пет натпревари од сезоната. Тимот на Андоновски е сам на првото место (вкупна гол-разлика 12-1) на табелата откако во ова коло Орландо загуби дома од Вашингтон со 0-1 и сега има три бода помалку од Канзас сити.
На овој дуел се одбележа и 89-та победа во регуларен дел на сезона на Националната женска фудбалска лига на САД во кариерата за Андоновски, кој е на второто место во историјата на лигата, пишува Канзас сити карент. Н.М.