Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2-0.
Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Михтарјан го удвои водството на „нероаѕурите“.
Ова е трет триумф едноподруго за Интер против градскиот ривал сезонава, откако претходно славеше во Суперкупот на Италија со 3-0 и во првенството со 1-0.
Реваншот ќе се игра во вторник.
На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити вчера одиграа нерешено 1-1.