Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Ерлинг Хoланд го собори рекордот на Алан Ширер достигнувајќи сто гола во англиската фудбалска Премиер-лига побрзо од кој било друг во натпреварувањето, откако постигна погодок во победата на Манчестер сити на гости кај Фулам со 5-4, завчера. Норвежанецот досега има блескава сезона постигнувајќи 20 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања, пишува „Би-би-си“.
– Клубот 100 е огромна работа. Да се ​​направи тоа толку брзо е неверојатно. Среќен сум. Многупати сум го кажал тоа, напаѓачот на Манчестер сити треба да постигнува многу голови. Тоа е мојата работа, тоа се обидувам да го правам. И не сум лош во тоа – рече Холанд, пренесе „Би-би-си“.
Откако пристигна од Борусија Дортмунд во 2022 година, Холанд постигна низа подвизи, а соборувањето на долгогодишниот рекорд на Ширер со постигнување 100 гола на само 111 натпревари е високорангирано на неговата листа на достигнувања, пишува „Би-би-си“. На Ширер му беа потребни 124 натпревари за да го достигне тој рекорд. Трет на оваа листа е Хари Кејн со 141 меч, а потоа се Серхио Агуеро со 147, Тиери Анри со 160… Ширер го држи рекордот за вкупно најмногу голови, 260, во натпреварувањето што почна во сезоната 1992/1993 по отцепувањето од Англиската фудбалска лига, пишува „Би-би-си“. Н.М.