Клубовите од дивизиите Чемпионшип, Лига 1 и од Втората лига се оценуваа според посветеноста и политиката, чистата енергија, енергетската ефикасност, одржливиот транспорт, управувањето со отпад, намалувањето/отстранувањето на пластиката за еднократна употреба, ефикасноста за користење вода, достапноста на храна со ниска содржина на јаглерод, биодиверзитетот, образованието и комуникациите, ангажманот… Клубот од Лига 1, Форест грин роверс, е на првото место и во нивната дивизија и во комбинираната лига, со совршен резултат, покажувајќи ја нивната сеопфатна посветеност на еколошката одржливост преку секој дел од организацијата

АНГЛИЈА

Форест грин роверс го потврди својот статус како „најзелен фудбалски клуб во светот“ по новата студија објавена за напорите за еколошка одржливост на клубовите од англиската фудбалска лига. „Спортски позитивни лиги“ направи голем пресек на информации и ги рангира клубовите од дивизиите Чемпионшип, Лига 1 и од Втората лига во една севкупна матрица, пишува „Скај спорт“.
Клубот од Лига 1, Форест грин роверс, е на првото место и во нивната дивизија и во комбинираната лига, со совршен резултат, покажувајќи ја нивната сеопфатна посветеност на еколошката одржливост преку секој дел од организацијата.
– Одлично е да се види степенот до кој одржливоста во фудбалот стана нешто, речиси, но уште не, прифатен дел од играта. Пред десет години бевме осамен глас со радикална идеја, денес тоа брзо станува нормално, не само во англискиот фудбал туку и на меѓународно ниво, и навистина во целиот свет на спортот. Фудбалските клубови имаат иста одговорност како и сите, да се грижиме за нивното влијание врз светот, но ние, исто така, имаме единствена можност, малку други имаат платформа од која ќе информираме и ќе влијаеме на милијарди луѓе. Тоа се случува сега – рече сопственикот на Форест грин роверс, Дејл Винс.
Бристол сити го зазеде првото место во Чемпионшип, пред Норич и Ватфорд во категориите што вклучуваат чиста енергија, намалување на пластиката за еднократна употреба, енергетска ефикасност и биодиверзитет.
Одржливоста на животната средина е способност да се одржи еколошка рамнотежа во природната средина на нашата планета и да се зачуваат природните ресурси за да се поддржи благосостојбата на сегашните и идните генерации. Плимут ја заокружи вкупната најдобра петорка во трите дивизии, а Рочдејл е водечки клуб во Лига 2, пред Кру Александра.
– Задоволни сме што сме меѓу клубовите што воведуваат промени во фудбалот. Признаваме дека имаме влијание и работиме напорно за да го ублажиме тоа во голем број клучни области. Спортот очигледно има долг пат да помине, но се чини дека клубовите конечно се будат за предизвикот – вели директорот на Бристол сити, Гевин Маршал.
Клубовите се оценуваа според посветеноста и политиката, чистата енергија, енергетската ефикасност, одржливиот транспорт, управувањето со отпад, намалувањето/отстранувањето на пластиката за еднократна употреба, ефикасноста за користење вода, достапноста на храна со ниска содржина на јаглерод, биодиверзитетот, образованието и комуникациите, ангажманот…, пишува „Скај спорт“.
– Во сите три дивизии има одлични примери на лидерство од многу клубови од ЕФЛ, им честитаме за нивните напори кон одржлива иднина. За оние клубови што не се толку далеку напред се надеваме дека објавувањето на оваа информација ќе ја крене свеста и дека поддршката и напредокот продолжуваат. Фудбалот обезбедува таква неверојатна платформа за поттикнување колективна акција во справувањето со климатската криза и, како што беше истакнато на неодамнешниот извештај на ИПЦЦ, ни истекува времето, но моќта е во наши раце – изјави Клер Пул, основачот на „Спорт позитив“. Н.М.