Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ – САД

ФК Лос Анџелес го победи Лос Анџелес галакси со 2-1 во градското дерби пред 70.076 гледачи на стадионот „Роуз боул“, во натпревар помеѓу првите две екипи на табелата во Западната конференција на американската фудбалска лига (МЛС).

Тоа беше втора по големина публика во МЛС-лигата сезонава, надмината само со присуството на 72.610 гледачи на натпреварот во кој Интер Мајами победи со 3-2 на дуелот со Спортинг Канзас сити на 13 април, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).

Минатогодишниот натпревар на двата клуба донесе рекорд од МЛС со 82.110 гледачи на стадионот „Роуз боул“, кој беше дом на ЛА галакси во нивните први седум сезони (1996-2002), пишува АП.

ФК Лос Анџелес, каде што тренер на голманите е некогашниот македонски репрезентативец Ока Николов, е непоразен во претходните 10 натпревари во МЛС (девет победи, едно реми) и сега води во Западната конференција со 43 бода. Н.М.