Тоа беше мојот начин на размислување цело време. Тоа е цел, сон, дали ќе бидам избран е друга работа. Но мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам бидејќи не се чувствувам поинаку. Сакам да докажам дека можам да продолжам понатаму и повторно да играм за националниот тим. На селекторот е да го процени моето ниво, изјави Ериксен
ФУДБАЛ
Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар. На селекторот е да го процени моето ниво. Но моето срце не е пречка, изјави данскиот фудбалер Кристијан Ериксен за данскиот канал ДР1, пренесе „Скај спорт“.
Ериксен доживеа срцев удар на отворањето на Европското првенство (ЕП) лани, на мечот Данска – Финска во Копенхаген, а подоцна му беше вграден уред за стартување на срцето. Интер и фудбалерот меѓусебно се согласија да го раскинат неговиот договор минатиот месец, при што Ериксен не можеше да игра во Серија А со апарат за срце поради италијанските здравствени прописи. Поранешниот играч за врска на Тотенхем не играше по ЕП.
– Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар. Сакам да играм. Тоа беше мојот начин на размислување цело време. Тоа е цел, сон, дали ќе бидам избран е друга работа. Но мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам бидејќи не се чувствувам поинаку. Физички се враќам во врвна форма. Тоа беше мојата цел, а има уште малку време, па дотогаш само ќе играм фудбал и ќе докажам дека се вратив на истото ниво. Мојот сон е да се вратам во репрезентацијата и повторно да играм на стадионот „Паркен“ и да докажам дека тоа беше еднократно и дека нема да се повтори. Сакам да докажам дека можам да продолжам понатаму и повторно да играм за националниот тим.
На селекторот е да го процени моето ниво. Но моето срце не е пречка – изјави Ериксен за данскиот канал ДР1, пренесе „Скај спорт“.
Претставникот на Ериксен, Мартин Шутс, изјави за „Скај спорт“ минатиот месец дека клубови се распрашувале за неговиот клиент.
– На Кристијан му оди навистина добро. Се надеваме дека ќе може да се врати во професионалниот фудбал. Нема причина да не бидеме оптимисти. Тој работи навистина напорно и мило ми е што успеа да го направи тоа во претходните неколку месеци во тишина. Рано е да се каже каде е иднината на Кристијан. Поради посебните прописи во Италија, кои веќе постојат со децении, единственото нешто што сигурно знаеме е дека нема да биде во Италија. А нема да биде ниту на друг континент, поради семејни причини. Неколку клуба веќе контактираа со нас пред неколку недели. Мораме да видиме што ќе донесе иднината. Но изгледа светло и тоа е најважното нешто – вели Шутс.