На 14 јуни почнуваат и клупското Светско првенство и Голд-купот, првенството на Северна Америка за репрезентации
Во САД летово ќе има двојна фудбалска програма, откако во ист ден, на 14 јуни, почнуваат и клупското Светско првенство (СП) и Голд-купот, првенството на Северна Америка за репрезентации.
На проширеното Светско првенство ќе настапат 32 клуба, ќе играат во 11 града, а на Голд-купот ќе се натпреваруваат 16 репрезентации, на 14 стадиони, во 13 града.
На денот на отворањето на двата турнира ќе играат Ал Ахли – Интер Мајами во Мајами, на клупскиот Мундијал, а во Голд-купот е дуелот на актуелниот континентален шампион Мексико и Доминиканската Република, во Инглвуд. Следниот ден на програмата се четири натпревари на СП 2025, три средби на Голд-купот… Финалето на 18-то првенството на Северна Америка е предвидено за 6 јули во Хјустон, а на клупскиот планетарен шампионат на 14 јули, во Њу Џерси.
Клупското СП 2025 ќе се игра во Атланта, Шарлот, Синсинати, Њу Џерси, Мајами, Нешвил, Орландо, Пасадена, Филаделфија, Сиетл и во Вашингтон Д.Ц. Градови-домаќини на Голд купот се Ванкувер (Канада), Арлингтон, Остин, Карсон, Глендејл, Хјустон (со два стадиона), Инглвуд, Минеаполис, Парадајс, Сан Диего, Сан Хозе, Санта Клара и Сент Луис. Н.М.