Челси го држи клучот за квалификациите за голем број клубови во неверојатно тесниот и комплициран расплет на сезоната, пишува британски „Телеграф“
ФУДБАЛ
Осмото место во англиската Премиер-лига, сепак, може да обезбеди европски фудбал во идната сезона, а сѐ зависи од резултатите на Челси во следните неколку дена, откако победа за клубот од западен Лондон во финалето на Конференциската лига, заедно со освојување на шестото место, а Њукасл биде седми или Челси сам да биде на седмата позиција, ќе создаде дополнително место за англиски тим во европските купови, пишува британски „Телеграф“.
Со оглед на тоа што Кристал палас и Манчестер јунајтед или Тотенхем ќе играат европски фудбал, има уште места што допрва треба да се обезбедат, бидејќи за тимовите под шампионот Ливерпул и второпласираниот Арсенал останува ретка неизвесност во овој дел од сезоната.
Дополнително место во Лигата на шампионите (ЛШ) за Англија (пет вкупно) беше обезбедено со настапите на англиските клубови во трите континентални натпреварувања сезонава, оставајќи место во Лига Европа за тимот на шестото место. Како и да е, пласманите и тесните бодовни разлики пред 38-то коло викендов значат дека нема само пласманот во Лигата на шампионите и местото во Лига Европа за тимот на шестото место да бидат за освојување.
Њукасл и Челси се соочуваат со можност потенцијално да настапат во три натпреварувања. Пласман меѓу првите шест би значел дека Њукасл ќе игра во Лига Европа наместо во Конференциската лига, кое го гарантира освојувањето на Лига-купот.
Тоа би значело дека нивното место во Конференциската лига ќе биде доделено со следното највисоко достапно место во лигата. Меѓутоа, ако Њукасл биде меѓу првите пет, а Челси на шестото место и ја освои Конференциската лига, според правилата на Европската фудбалска унија (УЕФА), дополнителното место во Конференциската лига ќе биде одземено.
Тоа ја остава англиската Премиер-лига со неверојатни изгледи да не се знае дали првите шест, првите седум или потенцијално дури и најдобрите осум тима би можеле да се пласираат во трите европски натпреварувања, пишува „Телеграф“.
Ако Челси го освои шестото место, пред Њукасл, или биде седми на табелата во Премиер-лигата, четирите тима што уште се борат за осмото место, Брентфорд, Брајтон, Фулам и Борнемут, ќе го бодрат лондонскиот клуб на дуелот со Бетис во финалето на Конференциската лига, на 28 мај, пишува „Телеграф“. Н.М.