ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Во Лондон, Неапол, Минхен и во Милано денеска и утре ќе се решаваат учесниците во полуфиналето на годинашната фудбалска Лига на шампионите (ЛШ), откако на програмата се реваншите од четврт-финалето. По првите средби со предност по остварените победи се актуелниот европски првак Реал Мадрид (2-0 дома со Челси), Милан (1-0 дома со Наполи), Манчестер сити (3-0 дома со Баерн) и Интер (2-0 на гости со Бенфика).
Со настапот денеска Карим Бензема ќе стане петтиот фудбалер што одиграл 150 меча во Лигата на шампионите (претходно тоа го остварија Кристијано Роналдо, Икер Касиљас, Лионел Меси и Чави), а Тони Крос би настапил во неговиот 150. натпревар во европските купови (досега 15 фудбалери одиграле барем толку клупски мечеви во Европа), пишува Европската фудбалска унија (УЕФА).