Барселона за противник го доби Галатасарај, Црвена звезда ќе игра против Глазгов Ренџерс, додека Порто во осминафиналетофиналето на Лига Европа ќе се сретне со Лион. Ова е резултат од жрепката влечена во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, по која познати се двојките за осминафиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Во преостанатите натпревари од осминафиналето ќе играат: Брага – Монако, Аталанта – Баер, Лајпциг – Спартак Москва, Бетис – Ајнтрахт Франкфурт и Севилја – Вест Хем.

Првите натпревари ќе се играат на 9 и 10 март, а реваншите се на програмата на 17 март.


УЕФА Конференциска Лига: Лестер против Рен, Партизан против Феенорд

Феенерод – Партизан и Лестер – Рен, се два од осумте осминафинални дуели во Лигата на конференции, кои беа одредени со жрепка попладнево во седиштето на УЕФА во Нион.

Во преостанатите шест осминафинални натпревари во рамки на третото по ранг европско клупско натпреварување ќе играат: Олимпик Марсеј – Базел, ПАОК – Гент, Витесе – Рома, ПСВ Ајндховен – Копенхаген, Славија Прага – Ласк и Бодо Глимт – АЗ Алкмар.

Првите натпреварите ќе се играат на 10 март, а реваншите се една седмица подоцна.