Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – ПО 5. КОЛО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

  • За сезонава, на Англија и на Шпанија им беше дадено по едно дополнително место бидејќи беа двете најдобри земји во европските купови во сезоната 2024/2025, а тие места ги добија Њукасл и Атлетик Билбао. За сезоната 2024/2025, пак, тие места ги освоија Италија и Германија, а во Лигата на шампионите лани играа Болоња и Борусија Дортмунд

Англија и Германија моментално ги заземаат двете места што обезбедуваат дополнителен тим во Лигата на шампионите (ЛШ) за идната сезона, по мечевите од петтото коло во најсилното европско клупско натпреварување. Од почетокот на сезоната 2024/2025, кога Лигата на шампионите се прошири од 32 екипи на 36, Европската фудбалска унија (УЕФА) ѝ додели дополнително место на секоја од двете земји со најдобри резултати во претходната сезона, пишува Би-би-си.
За таа табела се вреднуваат резултатите на сите клубови во сите три европски купа, Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Бодовите се освојуваат со победи и со нерешени натпревари, а има и бонус-поени за пласмани во нокаут-рундите.
Во квалификациските рунди, овие поени се преполовуваат, а освоените поени потоа се делат со тоа колку тимови од таа земја влегле во европските натпреварувања во почетокот на соодветната сезона, пишува Би-би-си. Двете земји со најмногу бодови добиваат по едно директно место во Лигата на шампионите за следната сезона.
Во сезоната 2025/2026, Англија има девет тима што се натпреваруваат во Европа и тие досега освоија 10,388 поени. Германија има 9,428 поени со седум екипи, Шпанија до мечевите во средата освои девет бода, со осум тима, Италија има ист број бодови со седум екипи…
За сезонава, на Англија и на Шпанија им беше дадено по едно дополнително место бидејќи беа двете најдобри земји во европските купови во сезоната 2024/2025, а тие места ги добија Њукасл и Атлетик Билбао. За сезоната 2024/2025, пак, тие места ги освоија Италија и Германија, а во Лигата на шампионите лани играа Болоња и Борусија Дортмунд. Н.М.