На списокот има 22 имиња, од кои 12 се интернационалки
ФУДБАЛ
Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Александар Андов, го соопшти списокот на фудбалерки за продолжување на претстојните дуели во квалификациите за пласман на Европско првенство (ЕП) 2025 година, кое ќе се игра во Швајцарија. На него има вкупно 22 имиња, од кои 12 се интернационалки. Од списокот отпадна Гентијана Рочи, која се повреди на последниот натпревар за својот тим. Репрезентативките веќе се собраа и во понеделникот ги почнаа подготовките.
Македонија ќе одигра два натпревара во рамките на групата два од лигата Ц против селекцијата на Молдавија. Првиот е закажан в петок (17 ч.) на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, додека вториот ќе се игра на четврти јуни (19 ч.) на стадионот „Зумру“ во Кишињев.
Список на фудбалерки
ГОЛМАНКИ: Берна Кабакчи (Карсон У., САД), Викторија Панчурова (Тиверија), Кристина Павловска (Шкендија). ОДБРАНА: Ана Милчевска (Ланчк Ахути, Грузија), Елена Паневска (Камениса Саса), Павлинка Николовска (Љуботен), Христина Јошевска (Љуботен), Ихмете Лимани (Веинберг, Германија), Ане Бошевска (Тиверија), Кристина Мојсовска (Ас Јунајтед). СРЕДЕН РЕД: Радица Велкова (Камениса Саса), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Хорозкентспор, Турција), Марија Нацева (Борусија Дортмунд, Германија), Симона Мајер (Макаби, Израел), Александра Марковска (Љуботен), Хава Мустафа (Шкендија), Едина Мехмеди (Цирих, Швајцарија). НАПАД: Лора Сулејмани (ГПСО 92, Франција), Илза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Шкендија), Веса Села (Ас Јунајтед). Г.И.