Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 обожаватели на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на 24 март идната година против домаќинот на мечот – Италија, во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска соопшти дека за македонските навивачи се предвидени 5 проценти од вкупниот капацитет од 36.000 седишта на стадионот во Палермо.
Доколку се случи чудо и Македонија ја победи Италија на најезин терен, нашите фудбалери во финалето за пласман на Мундијалот ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција, кој ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто.
Ако Португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат во Порто.