Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.
Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3.
– Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден слободен ден и морам да кажам дека играчите се поопуштени – истакна Јеро.
Шпанија следниот натпревар го игра на 20 јуни против Иран.