Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 18.коло по кое актуелниот шампион и лидер на табелата Шкендија ја зголеми предноста пред Вардар на пет бода.
Тетовци во градското дерби ја совладаа Ренова, додека Вардар одигра само реми со Академија Пандев.
Постигнати резултати:
Академија Пандев – Вардар 0:0
Победа – Македонија ЃП 0:2
Работнички – Шкупи 0:2
Ренова –Шкендија 0:3
Силекс – Беласица 1:0.
Табела: Шкендија 40 бода, Вардар 35, Академија Пандев 30, Работнички 26, Шкупи 23, Македонија ЃП 21, Ренова 21, Силекс 18, Победа 17, Беласица 17.