Македонија, Косово, БиХ и Србија се четирите фудбалски репрезентации од Балканскиот Полуостров што се пласираа во повисок ранг во Лигата на нациите и ќе играат во плејофот за пласман на Европското првенство во 2020 година. Македонија и Косово ќе бидат дел од лигата Ц, БиХ ќе игра во најсилната лига А, а Србија ќе се натпреварува во лигата Б. Од друга страна, од лигите испаднаа Словенија (во лигата Д), Турција (во лигата Ц) и Хрватска (во лигата Б), а во истата лига и во следното издание ќе играат Црна Гора, Романија, Бугарија, Грција и Албанија (сите во лигата Ц).
Македонија во следното издание на Лигата на нациите ќе игра во лигата Ц, во која ќе играат и Словачка, Турција, Северна Ирска, Република Ирска, Грузија, Косово, Белорусија, Израел, Албанија, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија и Црна Гора.
Следното издание на Лигата на нациите е предвидено да се игра во 2020 година и ќе биде дел од европскиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.