Ада Хегерберг

Норвежанката, четирикратна европска првенка со Лион, има одличен просек, оти 52-та гола во ЛШ ги постигна на 50 меча

Норвежанката Ада Хегерберг (24), членка на француски Лион, актуелниот европски првак, стана најефикасна во историјата на женската Лига на шампиони (ЛШ) во фудбал со постигнатите 52 гола, на само 50 натпревари. Хегерберг се израмни со Германката Ања Митаг, која има 51 гол, на 100-от натпревар на Лион во ЛШ (против Фортуна на 16 октомври), а потоа на следниот меч, нејзиниот 50-ти, го постигна 52-от гол (во реваншот две недели подоцна).

Хегерберг, која освои четири титули првак на Европа со Лион, во женскиот фудбал е она што се Лионел Меси и Кристијано Роналдо во машкиот. На првите 37 меча во ЛШ таа постигна 37 гола, од кои рекордни 15 во сезоната 2017/2018.
На Митаг, која настапуваше за Потсдам, за Розенгард, ПСЖ и во Волфсбург и се пензионира годинава, ѝ беа потребни 68 меча за да ги постигне 50-те гола. Таа освои две титули првак на Европа со првиот клуб, Потсдам.
Германката Кони Полерс е трета на голгетерската листа, со 48 гола во ЛШ. На делба на четвртата позиција со по 46 погодока се Бразилката Марта и Французинката Ежени Ле Сомер (Лион). 


НАЈЕФИКАСНИ ВО ЛШ
Ада Хегерберг 52
Ања Митаг 51
Кони Полерс 48
Марта 46
Ежени Ле Сомер 46