Македонските навивачи привлекоа внимание со поддршката за фудбалската репрезентација во досегашниот тек од Европското првенство.
Еден симпатизер на „црвено-жолтите“ искористи прилика да ја честита 15-годишнината од бракот на својата сопруга Катерина, преку транспарент кој го истакна на трибините на Националната арена во Букурешт.
Македонската фудбалска репрезентација, по дуелите со Австрија и со Романија во Букурешт, се пресели во Амстердам, каде што утре ќе се сретне со Холандија во последното коло од групната фаза на континенталниот шампионат.